Треба ли, мора ли УБК, МВР да има дополнителни сознанија, некогаш има, некогаш нема. Детали за истрагата за случајот Груевски не можам да зборам. Постапувале согласно закон, капацитетите на МВР се толкави колкави што се, и ако е така вие може да најдете одговорност кај секого и владите и министрите да ги менуваме на 15 дена, рече премиерот Зоран Заев гостувајќи на Телевизија 24.
Тој објасни дека нешто може да збори, нешто не. Заев додаде дека не е нормално тоа што избегал, а ако има виновен истрагата ќе покаже. На прашање дали има вина кај министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Заев рече:
-Беше два пати кај мене, јас ја барав одговорноста не ја најдов и не ја прифатив оставката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.