Премиерот Зоран Заев нема да се кандидира на претстојните претседателски избори, кои како што претходно најави претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе ги распише на почетокот на февруари. Ова го потврди самиот Заев во своето гостување на 24Вести.
Нема да се кандидирам и тука ја затворам дебатата – изјави Заев.
Македонската информативна агенција пак, повикувајќи се на владини извори,објави дека Заев поддржува одржување парламентарни избори заедно со претседателските, но сепак за тоа треба да се прашаат и коалициските партнери, а некои од нив не ја поддржуваат таа идеја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.