Тој вели дека вистината во Македонија е поразителна, а дека тоа го гледаат од страна на меѓународниот фактор. Тој вели дека сега ЕУ кажале дека промената не е доволна само за интеграција, туку дека треба и реформи во судството и уште многу што.
Ниту има владеење на правото, ниту има правна држава, ниту граѓаните чувствуваат сигурност, не треба вие тоа да им го кажете на меѓународните институции, тие тоа го гледаат од комуникацијата со граѓаните, изјави Мицкоски.
Тој спомена да се погледнат анкетите, велејќи дека имаме заробено СЈО, кое има мисија да биде слуга на Заев и да ги исполни неговите барања.
Во оваа држава, но и во било која демократска држава, народот е тој што одлучува кој ќе ја предводи Владата, според програмата. Јас сум сигурен дека СДСМ ќе изгуби на следните избори и ќе ја доживее судбината на ПАСОК во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.