Зоран Заев преку двојазичноста тргува со гласовите на Албанците, реално неподобрувајќи ја нивната положба, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено на Алфа“ додавајќи дека ова е најава за трговија со гласовите на Албанската етничка заедница.

Практично вие на овој начин наместо да објавите некоја нова инвестиција каде што ќе вработите илјада Албанци, наместо да објавите дека ќе изградите некој нов водовод, еве да речеме канализацијата во Арачиново или сте го решиле сообраќајот во Тетово, сте го намалиле загадувањето во Тетово, вие играте на ниски страсти и се обидувате да тргувате со чувствата на Албанците. Тоа се прави на на начин на кој го прекршувате законот и Уставот. Ова е апсолутна најава за следните претседателски избори, потенцираше Мицкоски.

„ДУИ мислам дека во овој момент ќе се обиде да го поврати приматот кај Албанците и да биде партија со најголема поддршка во албанскиот политички блок.“. додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.