Честитоста и стручноста на Уставниот суд сега е доведена во знак прашалник, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето „Зошто нема доверба дека кривичните пријави од ВМРО-ДПМНЕ ќе се процесуираат“ во вчерашното гостување во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија.
Кога вие ќе поднесете една ваква иницијатива за оценување на уставноста на еден ваков закон и кога сите правни експерти во државата ви велат дека ако Уставниот суд поставува по правото, законите и Уставот се разбира дека ќе го прогласи како неуставен овој закон и ние како политичка партија апсолутно го имаме тоа право да го направиме и ќе го направиме во периодот којшто следи, истакна Мицкоски.
Мицкоски потсети и дека за време на парламентарните избори во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно на граѓаните им кажа дека ќе дојде до ова што е денес и, како што рече, затоа ја барале нивната довербата.
Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријави кои не застаруваат.
Ќе ве потсетам дека во овој момент имаме судство кое апсолутно нема никаква доверба кај граѓаните и оправдана е нивната загриженост, но да ве потсетама дека многу скоро сите ние ќе имаме можност да ја промениме оваа власт каде ќе дојдат вистински, честитити, стручни судии кои ќе судат според правото и правдината, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.