Светски познатиот рок музичар Лени Кравиц за концертот во Скопје кој ќе се одржи на 3 мај во салата „Борис Трајковски“ доаѓа со десет камиони звук и светло.

Тој е познат како музичар кој која тргнува на светска турнеја, секогаш носи со себе своја (во тој момент) најнова и најсовремена продукција.

Па така, во Скопје доаѓаат десет камиони, шест автобуси и тим од 60 луѓе кои се вклучени во оваа турнеја, додека од наша страна се бараат 160 луѓе да бидат подготвени во секое време да работат на поставување на таа продукција, објави „Авалон продукција“ која е организатор на концертот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.