Гитарата на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, продадена e на аукција во петокот во САД за повеќе од 1,5 милиони долари.

Сината електрична гитара Skystang I Fender Mustang на која Кобејн свиреше за време на неговата последна турнеја е продадена за повеќе од 1,58 милиони долари (1,45 милиони евра) во Нешвил.

За повеќе од 400.000 долари беа продадени искинатите фармерки кои Кобејн ги носеше во спотот за песната Heart-Saped Box, за кој му беше доделена наградата MTV Video Music Awards. Панталоните беа проценети меѓу 10.000 до 20.000 долари.

Аукцијата беше дел од тридневната аукција „Играни, носени и искинати: рокенрол иконски гитари и сувенири“ на која беа претставени повеќе од илјада предмети од музичките великани како Кобејн, Ерик Клептон, Елвис Присли.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.