Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) денеска ја осуди Турција за санкционирање на судија кој зборуваше како претседател на здружение на струката, оценувајќи дека тој само ја извршувал својата должност.
Судијата Омер Еминагаоглу во јуни 2012 година беше дисциплински казнет поради изјави и критики за одредени одредби од турскиот кривичен закон и правосудната политика на Турција, се вели во изјавата на судот со седиште во Стразбур.
Турскиот Висок совет на судии и јавни обвинители оцени дека судијата со своите изјави му наштетил на „достоинството и дел од професијата“ и го распореди да работи на 150 километри од Анкара.
Судот во Стразбур едногласно донесе одлука дека „дисциплинската истрага и казна“ на Еминагаоглу претставува „мешање во неговото право на слобода на изразување“.
Судот не одреди висина на отштета затоа што судијата не побарал отштета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.