Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во Каиро уште еднаш истакна дека се противи на „присилното раселување“ на Палестинците, во контекст на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Со претседателот Сиси разговарав за актуелната хуманитарна криза во Газа и му се заблагодарив за улогата на Египет во обезбедувањето и олеснувањето на испораката на хуманитарна помош за ранливите Палестинци, напиша Фон дер Лејен на Твитер.

Претседателката на Европската комисија го изрази ставот дека го поддржува решението на проблемот со создавање на две држави.

Се согласуваме со принципот на ненасилно раселување на Палестинците и политичкиот хоризонт темелен на решавањето на проблемот со создавање две држави, израелска и палестинска – додаде Фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија потоа замина за Синај, соопшти гувернерот на регионот што граничи со Израел и Газа.

Тој додаде дека Фон дер Лајен потоа „го посетила аеродромот Ел-Ариш, дека ќе оди на преминот Рафах, ќе ја прегледа хуманитарната помош и ќе ги посети повредените Палестинци во болниците во овој источен египетски регион“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.