Tуристите коишто одат во Тајланд мора да поминат задолжителен двонеделен карантин по пристигнувањето, но тајландската Влада донесе одлука тие да може тие две недели да ги поминат на јахта. Ваквата одлука е донесена со надеже дека оваа нова иницијатива ќе донесе приходи од туризмот со јахти, кој вообичаено носи 58 милиони долари приход.

Овој потег е обид да заживее туризмот во Тајланд, економска гранка што претрпе тежок удар поради пандемијата на корона вирусот.

Во јануари, земјата објави шема што им овозможува на туристите да го минат карантинот на терени за голф, а сега и јахтите стануваат дел од таа стратегија. Програмата ќе им овозможи на туристите со негативни тестови, задолжителниот карантин да го минат на крстосувачки брод во тајландските води.

Пријавувањето веќе почна, а се очекува да се пријават вкупно околу 100 јахти за пробниот период. При престојот на бродот туристите ќе мора да носат и паметна нараквица која ќе ги следи нивната температура, крвен притисок и местоположбата.

По забраната за странски туристи во март минатата година, Тајланд постепено почна да ги отвора своите граници во октомври. Минатата недела, министерството за туризам предложи план за карантин на популарни туристички места, вклучително и одморалишта на плажа. Овој план ќе почне да се спроведува во април и мај во туристичките места Пукет, Краби и Чијанг Маи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.