Мојот влез во вториот круг се должи на она што е досега сработено на одржаните ветувања што се дадени пред граѓаните и на визијата за Карпош.Не е најважно да имаш голема партија позади себе. На мојот противканидат единствен услов му е големата партија која стои зад него.

Но, општината не ја води партијата туку градоначалник а граѓаните очигледно препознаваат дека јас добро сум ја водел, вели кандидатот за прв човек на општина Карпош Стевче Јакимовски во интервју за „Република“.

Тој верува дека разликата од околу 2000 гласови е достижна и оти да немало двајца кандидати од опозицијата убедливо ќе победел уште во првиот круг.
Тој во вториот круг ги очекува гласовите од сите граѓани на Карпош.

Ги очекувам гласовите и од ВМРО-ДПМНЕ, тоа јавно го најави и лидерот Мицкоски, очекувам поддршка и од останатите партии кои се опозиционо настроени но и од оние граѓани кои се политички неопределени-набројува Јакимовски.

Тој вели дека е нормално да ги знае сите улици во општината како и тоа секогаш да е подтовене да ги прими граѓаните во неговата канцеларија и да ги ислуша за проблемите кои ги имаат.

Јакимовски е убеден дека општина Карпош ќе биде рекордер по зеленило.

Сега имаме седум метри квадратни по глава на жител, наша цел е 16 метри квадратни.Планираме зелени површини покрај кејот на Вардар да бидат уредени со урбана опрема со патеки, со фонтани, со канделабри да може и ноќно време да се шета, детски игралишта-набројува Јакимовски.

Јакимовски е запознаен дека нехигената е главен проблем во Карпош.

За жал тоа ни е тешка рана. Планираме да ископаме контејнери, да го ставиме ѓубрето под земја.Ѓубрето ќе се складира под земја и ќе доаѓа специјално возило да го собере-објнува кандидатот за градоначалник.

Друг голем проблем во Карпош е паркирањето.

Во Карпош 1 проблемот ни го прават граѓаните од Центар.Бев голем противник на надграба на зградите и оти со тоа ќе има дополнителни возила пред нивните згради но тие инсистира дека со надградбите добија плус квадрати во становите. Но не можеме да ги обвинуваме граѓаните-вели Јакимовски.

Тој уверува дека паркирањето во Карпош ќе остане слободно и нема да се воведува ниту зонско паркирање.

Проблемот ќе го решаваме со катни гаражи и тоа над земја и под земја, само станарите од тие згради ќе си имаат далечинско да не може друг да влезе.Сегашниот паркинг простор ќе биде триплиран-ветува Јакимовски.

Тој вели дека токму поради беспатниот паркинг, посебно во Лептокарија не може да се најде празен дуќан.За овој дел исто така се планира подземно паркирање.

Јакимовски верува дека општината ќе има пари сите проекти да ги реализира.

Пари никогаш доста, но треба да си ги заскукаш ракавите и да бараш приходи за општината.Општината 2016 година ја оставив со 11 милиони евра приход, 2017 имаш седумипол милиони евра , а сега падна на пет милиони евра приход.Но, не можеш да играш „Кантер страјк“ и да бараш приходи. Не можеш да одиш по белиот свет , по Малдиви, секој викенд после четврток да си одиш во Грција на Халкидики, да одиш во Америка по 20 дена. Не паѓаат приходите од Господ.Јас во живот не сум отишол повеќе од 4-5 дена на одмор-објаснува Јакимовски.

Ветува и санирање на фасадите на постарите згради и тие да бидат енергетски ефикасни а а со тоа ќе им се зголеми температурата на становите на граѓаните во зимскиот период.

Тој не сака да се сеќава на онаа хајка што се водеше против него пред неколку години и оти не се чуствува како морален победник.

Нема кај мене триумфализам. Кога повторно би се родил би сакал се да биде исто. Калибар на човек како мене подготвен се да издржи..Викаат оди нагоре колку што си спремен да ти издржат нозете надолу.Моите нозе беа спремни да издржат се од валканиците на политиката. Но, простено нека им биде на сите.Се направи една еуфорија, една искривена слика да се таргетира само она што можеби е лошо или сум погрешил без да се каже што се добро сум направил.

Тој вели дека во 2017 граѓаните гласаа против и еве какви градоначалници имаме.

Катастрофа.Имаме градоначалници кои не излегуваат од кафана.. Во 8 и 30 наутро оди во кафуле и бара виски и пие во чаша од кафе за да не сфатат граѓаните дека пие уште од изутрина-открива Јакимовски.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.