Најавеното прскање против комарци што Град Скопје го најави за утре се одложува за среда поради временски услови. Од аероклубот кој го спрведуваат прскањето велат дека утре се очекуваат врнежи, па затоа прскањето се одложува за среда во 5 часот наутро.
Од таму посочуаат дека средството е поефикасно пред дожд отколку после дожд.
Информацијата ја потврдија и од Град Скопје.
Вонредната авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 26.08.2020 година (среда) и на 27.08.2020 година (четврток), во раните утрински часови, наведуваат од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.