Министрите не смеат да промовираат партиски или други приватни активности, но тоа не важи за министрите во Владата на Заев. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по кој знае кој пат ги спои партиската и дрѓавната функција, од позиција на министер, на официјалнниот профил на Фејсбук, направи промоција на партиски активности.

На истиот профил на кој Спасовски ги промовира кампањите на МВР и своите активности како министер, викендов Спасовски објави фотографии од доделувањето партиски книшки на нови членови на СДСМ Куманово.

На крајот на годината нема ништо поубаво отколку да ви се зголеми семејството. Општинската организација на СДСМ Куманово од денеска е побогата за 814 членови, млади луѓе ентузијасти кои сакаат да се вклучат во партијата. Јас на сите нив им честитам за изборот да бидат дел од СДСМ во време кога се испишува историјата на државата, кога треба да се искористат сите капацитети. Со ова испраќаме порака дека СДСМ секогаш е отворена за квалитетни, млади, образовани кадри, кои што сакаат да се вложат и во партијата и во државата”, напиша Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.