Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е разрешена со 102 гласа ЗА од вкупно 105 пратеници. Од 29 пратеници кои им припаѓаат на малцивствата 27 гласаа ЗА разрешување од функцијата специјалната јавна обвинителка.

На пленарната седница не се расправаше за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување на Комисијата за прашања на избори и имемнувања.

Претседателот на Собранието ќе го испрати решението до Советот на јавни обвинители.

На пленарната седница се обратија претседателот на Комисијата за именување, Илија Димовски, координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и Артан Груби како претставник на владејачкото мнозиноство.

Секое правно лудило, експеримент, занес завршува вака. Секогаш кога државата не се држи до Уставот, секогаш кога Собранието носи неуставни закони, секогаш кога правните и државните органи кога беше кажано дека СЈО е неуставно не реагираат, работите завршуваат вака, со големи последици”, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната собраниска седница.

Тој се повика на изјавата на претседателот на Советот ја обвинители, Коле Шетрјов велејќи дека Советот констатирал оти обвинителката Катица Јанева работела несовесно и незаконски.

Димовски реч дека доколку владејачкото мнозинство изведе акробации да се спаси Јанева дека не работела несовесно, тоа ќе биде на грб на граѓаните.

Единствено нешто за кое Собранието денеска може да гласа е разрешување на Јанева”, рече Димовски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ истакна дека најмалку 10 пратеници од неговата партија биле уценувани од СЈО за одлучување во Собранието.

Во моментов имаме правно лудило, верификување на печат и различни потписи. Секој правен експеримент може да донесе штета на државата, СДСМ сакаа да ја имаат играчка СЈО во своите раце. Такви експерименти на моменти ќе ви бидат забавни, но не се завршува така, рече Димовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.