Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев по повод Бадник и Божиќ беше во Бигорскиот манастир, Струмица, Тетово и Скопје.

Во Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител, Ѓорчев оствари средба со игуменот Архимамдритот Партениј и монасите, а потоа со повеќе стотици верници присуствуваше на бадниковата изведба на етно составот “Љубојна”.

Во Тетово, Ѓорчев присуствуваше на концертот на хорот “Менада” во црквата Св. Кирил и Методиј, заедно со владиката Јосиф од Полошката тетовско – гостиварска епархија.

Истиот ден, пратеникот Ѓорчев ја посети црквата “Успение на Пресвета Богородица” во Струмица, посакувајќи им честит Божиќ на верниците.

Заедно со сопругата и децата Ѓорчев присуствуваше на Божиќниот концерт и претстава пред црквата Св. Димитрија во Скопје, како и пречекот на Бадниковата поворка во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.

Ѓорчев им посака на верниците честит Божиќ, со желби за љубов, мир и здравје, со традиционалниот божиќен поздрав: Христос се роди!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.