Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со Законот за корупција, денеска истакна дека нивните забелешки се принципиелни и биле изложени на работната група во рамки на Собранието и изрази надеж дека СДСМ ќе се повлече од најавата за негово повторно ставање во собраниска процедура со европско знаменце.

Овој закон е исклучително важен и треба да ја добие поддршката од сите политички партии. ВМРО-ДПМНЕ е на располагање. Имаме аргументи кои се во согласност со ГРЕКО и со меѓународното право и подготвени сме да ги аргументираме каде било, кога било и со кого било од нашиот политички противник…Основен принцип на овој закон е формирање нов чадор што би служел во подоцна фаза за притисок врз политичките неистомисленици, рече Мицкоски подвлекувајќи дека во ваква форма нема да го поддржат законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.