Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во новогодишна посета на Меѓуопштинскиот центарот за социјална работа – Дневен Центар во Велес. Искрените лица, насмевките и заедничката среќа на овие луѓе се вистинската благодет, вели Мицкоски.

Тоа се нашите херои и вистински борци во животот кој се светол пример дека волјата и истрајноста се најважни.
Преубави моменти поминати со овие луѓе и благодарам за одвоеното време.
Им посакав среќни новогодишни празници, да продолжат да бидат весели и среќни секој ден во животот, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.