Новинарката Мирјана Мирчевска Јовановиќ, од Канал 5 ТВ била повредена во инцидент за време на известувањето за одбележувањето на Водици во Скопје. Во моментот кога новинарските екипи земале изјава од момчето кое го фати крстот, настанало влечење, туркање и пцости кон новинарските екипи, јавува споменатата телевизија.

Мирчевска Јовановиќ, од страна на вработените во агенцијата за обезбедување „Никоб“, ангажирани од Mакедонската православна црква, била брутално истуркана, навредувана и влечена. Таа потоа била хоспитализирана во Градската болница со повреди на раката и вратот. Телевизија најавува пријава до јавното обвинителство и полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.