Новинарите кои известуваа од Собранието за време на упадот на 27 април минатата година ќе поднесат тужба против државата, објави „Макфакс“. Тие ќе бараат надомест на штета и ќе бараат да се утврди одговорност на пратеници кои со дејствување или недејствување учествувале во настанување на штетата.
Сакаме да обзнаниме дека најмалку 15 новинари досега, кои на 27 април известуваа од Собранието, покренуваме иницијатива за тужба кон државата за отштета. Тужабата ќе биде преку граѓанска постапка да се оцени шететата на поединци. Повикуваме да се вклучат сите новинари кои беа внатре. Обратете се до нас, ицијативата е отворена, рече новинарот Боби Христов.
Во однос на барањето за надомест, тој рече тоа ќе биде договор меѓу сите новинари кои ќе се вклучат во тужбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.