Специјалното јавно обвинителство даде позитивно мислење за укинувањето на мерката притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, осомничен во случајот „Империја“, потврдуваат од СЈО. Обвинителите на СЈО позитивно одговориле на предлогот за укинување на мерката притвор и определување на мерка куќен притвор за Мијалков и ваквото мислење го испратиле до Кривичниот суд.
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 треба да донесе одлука дали ќе му го укине притворот на Мијалков и ќе му биде определена мерка куќен притвор.
Претходно СЈО позитивно одговори и на предлозите на обвинетите Миле Јанакиески, Ненад Јосифовиќ, Кирил Божиновски, Зорица Арсовска и Јордан Камчев. За овие лица мерката притвор е укината и им е определена мерка куќен притвор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.