ВМРО-ДПМНЕ имаше еден голем предизвик. Јас сум задоволен како се носеше со тој предизвик, вели Александар Николоски, во гостувањето во Отворено, на Алфа ТВ.
Партијата погледна кон себе успеа да ослободи една интензивна внатрешна дебата, дозволивме на членови и сите кои имаат одговорни позиции да зборуваат како ја гледаат иднината и кои според нив се грешки од минатото. Имавме историска седница на ЦК каде ВМРО-ДПМНЕ се соочи со тие предивизи. Дел од членовите беа икслучпени а други беа разрешени. Сето тоа резултираше со движење во друг правец каде ние ќе бидеме самокритични, ќе ги препознаваме и попораваме грешки. По тој ЦК се ослободи нова енергија, Ни се вратија членови кои претходно не напуштиле, па се вратија. А доаѓаат и нови членови, затоа што знаат дека расчистуваме со лошите практик, вели Николоски.
Но не е дека ВМРО-ДПМНЕ имаше само лоши практики во минатото, напротив, за тоа дека владееше добро се победите на изборите, вели Николоски.
Нам ова ни се случува трет пат, а СДСМ никоаш го нема направено прочистување во партијата, заклучи Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.