Пријател пред малку ми ја прати оваа фејсбук бљувотина на оваа несреќа, со која делиме слично име и исто презиме. Дека е познат како чешма за истурање фекалии во кои ужива фа плива, нема да коментирам. Ќе го коментирам само она што го споделил, а е дел од еден текст на еднакво несреќната Катерина Блажевска (https://prizma.mk/27-april-den-na-sram-krv-i-nepodeleni-se…/) која или е злобна, или неетична или – обете, пишува Богдан Илиевски на својот ФБ профил.
Имено, текстов излезе додека бев во куќен притвор. Според него, а повикувајќи се “на извори од истрагата”, Блажевска тврди (покрај еден ГИГАНТСКИ КУП други гумна демантирани од самото судење дури и со т.н. докази на ВиРус обвинителството) дека на 26-ти април 2017, Груевски “од еден од двата телефона” зборел со Претседателот на републиката, со Премиерот Димитриев и…. со мене!
Но, уважената новинарка во текстот поставува триесеттина тези кои ДУРИ И ВиРус обвинителството не ги поткрепи со докази, односно кој и да и бил “изворот од ОЈО” ја искористил како штит за својот шит, по службашки начин, за службашки цели. Oколу целите збореше и претседателот Мицкоски вчера/денес, и се надевам и молам да ни е на сите обелоденето што се се случуваше со судските процеси во ова кршливо време за државата. Односно, сметам дека има рекетирање и во процесот за 27-ми, од почеток до крај. Целта ја видоа сите. Еден ден ќе се дознаат и средствата. Ништо не останало скриено, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.