Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва со жителите на Ѓорче Петров го прославува празникот Василица.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во пресрет на православниот празник Стара нова година беше на Василичарска средба во населбата Даме Груев.

По тој повод објави и статус на Фејсбук.

-Вечерва во пресрет на празникот Св. Василиј Велики бев на Василичарската средба што за таа цел се организира во населбата Даме Груев, во скопско Ѓорче Петров.

Убава Македонска и Христијанска традиција каде се сретнав со граѓаните, посакав добро здравје, подобар живот и исполнување на личните желби.

Можеше да се забележи една заедничка грижа, едно горко чувство кај граѓаните, силен товар и мака, од промената на името и неправдата која му се нанесе на нашиот народ и држава оваа власт.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ мора да настојуваме и ќе настојуваме таа неправда да биде исправена. Нашата задача не е борба за гола власт, туку пред се нашата цел е Македонија да престане да губи, а тој процес единствено ќе престане доколку оваа власт си замине.

Македонија горда, достоинствена, заедничка, стаменита, исправена и напредна.

Ова е нашата цел и нашата задача. И оваа цел ќе ја исполниме заеднички, обеденети и силни, затоа што нам ни треба силна Македонија!, пишува Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.