Поздрав до репрезентативците-политичари, порача преку Твитер министерот за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски, кој наместо да го осуди уредникот на МРТВ 2 за дискриминирачкиот однос кон „играчот со број 5“, ги нападна спортистите.
Не е само столе на листата на отстрел на Манчевски, на неа е и министерот за одбрана Борко Рисотвски, а двајцата се во немилост на Манчевски поради изјавите и гестовите со кои јасно кажаа дека се противат на менувањето на името на државата во Република Македонија.
Иако Манчевски преку пораката сака да прикаже дека се противи на делби тој самиот прави поделби меѓу ракометарите и меѓу граѓаните што ги поддржуваат или напаѓаат.
Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците–политичари. Доста делби, напиша Манчевски на Твитер.
На твитот Манчевски доби низа одговори.
Ве боли секој гол на Столе и Кире, и секоја одбрана на Борко. Алергични сте на сакање на својата репрезентација. Нејзините победи се ваши порази. Убаво си кажавте – не ви лежи да сте патриотска партија. Предавничка сте”.
Повеќето пораки не се соодветни за објавување, но прочитајте ги во твитот:
Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците – политичари. Доста делби.
— Damjan Manchevski (@d_manchevski) January 13, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.