Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека Собранието ги исполнило планираните активности и ги реализирало сите зацртани планови годинава. Тој најави  дека претседателските избори ќе ги распише на 2 или 3 февруари.

Во Уставот пишува дека изборот на претседател на државата се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.

Во случај на престанок на мандатот на претседателот на републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.