Секторот за сообраќајни работи при МВР во текот на јули и август 2020 година констатира 1.529 прекршоци сторени од лица кои управувале мотоцикли.
Од МВР информираат дека од констатираните 1.529 прекршоци, 326 учесници управувале со мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), 154 учесници управувале со нерегистрирани и со измината важност на регистрација на мотоциклот, 855 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 121 други прекршоци направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот.
Од МВР соопштуваат дека при контролите задржани се 23 мотоцикли за утврдување на техничка исправност, при што кај 12 мотоцикли се откриени технички недостатоци, а еден мотоцикл е привремено задржан, кој е предмет на сомнение за сторено кривично дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.