Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Р.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство во вршење семејно насилство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

Ноќта на 10 мај околу 03.30 часот во својот дом на ул.„Перо Наков“ пријавениот физички ја нападнал М.К. (30) од Тетово, со моментално престојувалиште на ул. Перо Наков. Тој и ѝ нанел повреди од кои настанал трауматски шок, по што починала.

После тоа пријавениот пријавил во полиција дека на оштетената ѝ се слошило и дека паднала во бессознание. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт на лице место.

По извршената обдукција, Ф.Р. бил приведен во полициска станица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.