Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело – Полов напад врз дете Помало од 14 години.
Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, се обидел да изврши полово дејствие врз 10-годишно девојче. Во тој момент бил забележан од друго лице, кое го турнало обвинетиот на земја, па тој веднаш избегал од местото.
По настанот, лицето извесен период не беше достапно на органите на прогонот, но на 29 октомври бил уапсен и започнал да ја издржува определената мерка притвор од судијата на претходна постапка. Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на притворската мерка поради опасност од бегство и можност да го повтори делото кое му се става на товар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.