Во 09.20 часот вчера се одвивала вистинска драма во Скопје кога во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Смирненски“ избувнал пожар во стан во кој престојувала 43-годишната В.С.
Во моментот кога избил пожарот во станот се ноѓале 31-годишната Д.В. од Радовиш и нејзиното тригодишно дете кои се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад поради што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.
Пожарот бил целосно изгаснат околу 10.20 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Увид ќе се врши во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.