Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа од 20 часот до еден часот по полноќ спроведе акциска контрола по прекршоци што ги прават мотоциклисти.

(фото: МВР)

Шест мотоцикли се одземени привремено под сомнение за техничка неисправност за утврдување бучава, за два постои сомнеж за сторен царински прекршок, откриени се пет прекршоци од возачи на мотоцикли – управување без возачка дозвола, измината важност на сообраќајна дозвола, изгубена или оштетена регистарска табличка, неносење возачка дозвола и управување без заштитен шлем.

(фото: МВР)

Во однос на наведените прекршоци издадени се четири платни налози за наплата на глоба и еден мандатен платен налог за наплата на глоба, а дополнително се откриени уште десет останати прекршоци, за шест од нив издадени се мандатни платни налози за наплата на глоба, а за четири прекршочни платни налози за наплата на глоба, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.