Двајца мажи од Скопје се тешко ранети ноќеска во Скопје, објави „Слободен печат”.

Ранетите, ноќеска двасеттина минути после полноќ, со возило „ауди”, додека минувале по улицата „Ферид Бајрам” биле нападнати.

Кон нив било пукано, при што возачот и совозачот од „аудито” се тешко ранети.

Со возило на Итна помош тие биле пренесени во болницата „Систина”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.