По соседска расправија, скопјанец извадил пиштол и почнал да пука во воздух, информира МВР. Синоќа во 00:25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје 38-годишниот Ф.Ш. и неговиот брат, 36-годишниот Р.Ш. од Скопје пријавиле дека на улицата „Козле-1“ нивниот сосед, 56-годишниот Ќ.Р. по претходна вербална расправија, поради тоа што не им дозволувал да поминуваат преку улицата за да стигнат до нивниот плац, извадил пиштол и во воздух испукал неколку куршуми.

Повредени лица нема. Ќ.Р. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.