Единицата за внатрешни работи Карпош при преземени мерки и активности на 08 и 09 јули годинава лишила од слобода двајца скопјани, Е.М.(24) и А.И.(22), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди. Додека за трето лице Х.К.(53) од Скопје постојат основи на сомение за сторено кривично дело “прикривање“.

Имено двајцата првопријавени извршувале кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди, тешки кражби во подрумски простории и тешки кражби во станови на подрачјето на Скопје, по што украденото го продавале кај третопријавениот, кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови, информира МВР.

Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лап топ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.