Санкционирани се 12 возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје, а привремено се одземени три мотоцикли во рамки на полициска акциска контрола.

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 19/20.07.2020 во периодот од 18.00 до 02.00 часот спроведе акциска контрола за откривање возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје, соопштија денеска од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.