Четворица скопјани, гостиварец и тројца тетовци се уапсени од полицијата под сомнение дека продаваче наркотични дроги.
Полицијата извести дека раноти утринава на улицата „23 Октомври“ во Скопје е уапсен П.А. (19) од Гевгелија. При личен претрес кај него е пронајдена марихуана. Денеска исто така во тетовското село Боговиње уапсени се О.Х. (21), Е.Р. (24) и Ш.С. (23) од гостиварско Врапчиште, затоа што при при претрес во возилото „ауди А7“ со словачки регистарски ознаки со кое тие се превезувале полициска патрола пронашла марихуана и кокаин.
Вчера пак на улицата „Јадранска магистрала“ уапсен е И.Т.(20) од Скопје кој незаконски поседувал марихуана, на Бит Пазар бил приведен Б.К.(21) исто како и Д.Ф.(21) и двајцата од Скопје, кој во јакните носеле одредена количина на канабис. За нелегално поседување марихуана вчера уапсен е и Ч.Ф.(32) од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.