Албански државјанин, кој пред неколку недели бил пријавен како исчезнат, бил пронајден мртов во Скопје.

Р.К. кој пред неколку недели беше пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во Македонија. Неговото безживотно тело е пронајдено закопано во Скопје. Од извршената ДНК анализа и отпечатоци од прстите, е потврден неговиот идентитет, пренесуваат медиумите во Албанија.

Албанскиот медиум „Балкан веб“ наведува дека станува збор за Рик Беу (35), жител на Кревиди кај Каваја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.