Во 02,45 часот пријавено е дека на улицата „Пролет“ пред угостителски објект од страна на А.К(31) од Скопје нарушен е јавниот ред и мир со физички напад врз Д.Р(33) од Скопје.
На место на настанот констатиран прекршок од страна на полициски службеници и против пријавениот ќе биде поднесена прекршочна пријава.
Исто така вчера пријавено е дека на улицата ,,Пролет“ во Скопје, пред угостителски објект нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Д.Р(33) и А.Ш(40) од Скопје од една страна и Н.С(24), М.А (25) и И.Ј (36) сите од Скопје од друга страна.
Н.С., М.А. и И.Ј. се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
исто така, околу 23.00 часот на улицата ,,11-ти Октомври“ во Куманово, во близина на бурекџилница, Р.Р (31) од селото Романовце пријавил дека бил физички нападнат од страна на две лица.
Се работи на расчистување на случаите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.