Во последните 24 часа полицијата во Скопје казнила 402 возачи во Скопје за разни прекршоци, а казни добиле и 33 пешаци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 402 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 49 лица, 47 возачи се казнети за технички неисправни и нерегистрирани возила, а за управување под дејство на алкохол казнети се пет возачи – информираат од МВР.

Напишани се и 70 мерки за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска.

Од МВР информираат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.