Санкционирани се 254 возачи во засилените акциски контроли на полицијата во сообраќајот во текот на вчерашниот ден, при што за возење под дејство на алкохол се изречени 54 казни.
Четириесет и седум санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 36 за непрописно паркирање, 18 прекршоци од возачи на мотоцикли, 24 за возење без возачка дозвола. Изречени се и шест санкции за користење мобилен телефон, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 за возач почетник, осум за некористење сигурносен појас.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР во соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.