Скопјанец и скопјанка се последни на листата на нападнати граѓани од кучињата скитници. Во првиот случај, Г.С.(67) од Скопје бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога кога околу 09:30 часот вчера поминувал низ Градскиот парк.

55-годишната Ј.Ѓ.(55), пак, била искасана во истото време на улица „11-ти Октомври“.

И двата случаи вчера биле пријавени во полициската станица Центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.