Вчера вечер во 23.40 часот на бул.„Јане Сандански’’ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

На регионалниот пат во тетовското село Горно Палчиште, на 14.11.2019 околу 23.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.С.(28) и А.С.(25), двајцата од гостиварски Добридол, кои биле во патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Истиот ден околу 21.40 часот, на локалниот пат Требош – Палатица, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(24) и А.М.(41), двајцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, пронајдена е марихуана и ризла“, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.