Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, соопштија од МВР и посочија дека на територијата на град Скопје изречени се вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, три санкции за управување возило под дејство на алкохол, 23 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 24 за управување без возачка дозвола.
Исто така, изречени се десет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, 10 за користење мобилен телефон при управување возило, две за недавање првенство на минување на пешаци, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 49 санкции за непрописно паркирање, информираат од МВР.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.