Македонскиот претставник на овогодинешната „Евровизија“, Васил Гарванлиев, сподели неколку секунди од песната со која ќе настапи во Ротердам, Холандија. „Here I stand“ е негово авторско дело, а продукцијата и аранжманот се на Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Вчера беше споделен само тизер од тоа како ќе звучи евровизиската композиција, а официјалната промоција ќе биде на 11 март. Се работи за сосема поинаква песна од оние кои досега сме ги испраќале. Снимена е со камерен оркестар во Скопје, комбинирана со звуци на пијано снимени во Торонто и пратечки вокали снимени во Чикаго.

Слушнете дел од „Here I stand“:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.