Во духот на слоганот за оваа година „Нема Правда , има Бубамара“ манифестацијата најави дека ќе се одржи на 27 февруари и го промовираше постерот на 23 издание, кој отсликува еден дел од настаните од изминатата година. Оттаму најавуваат дека за најубавите моменти ќе се погрижат најголемите уметници, спортисти и музички имиња кои заедно со екипата на Бубамара подготвуваат незаборавно шоу кое ќе се памети во наредните децении.
Радио Бубамара го обзнани новиот постер за 23 издание на нашата најпопуларна и најочекувана манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кој го изработи познатиот цртач Ивица Спасовски кој исто така и во 2013 година го изработи и популарниот постер за 16 издание.
Празникот на смеата, убавата и чиста мисла оваа година се паѓа во четврток на 27 февруари.
Во меѓувреме од Радио Бубамара ни порачуваат да дишеме еколошко гориво, читаме лажни вести и се ќе биде ОК, велат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.