Македонската натпреварувачка во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ целосно ги шокираше членовите на жирито и публиката кога на сцената се појави со албино-питон.

Огромната змија ѝ се виеше околу телото, а младата битолчанка Марија Груевска имаше и многу необичен стајлинг кој ја воодушеви Јелена Карлеуша, а за кој беше задолжен македонскиот дизајнер, Златко Јовановски – Џеј Зи Џеј.

Во живо, во мојот живот, никогаш не сум видела толку висока мода, како што гледам вечерва на тебе. Ова се вика висока мода…. Честитки за Златко, ова е нешто невообичаено на оваа сцена, изгледаш како принцеза, пееше како да си од некоја друга димензија, тотално поинаква. Едно чудно патување што никогаш не се чуло на оваа сцена, еден тотално поразличен пристап… , ѝ рече Јелена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.