Беспрекорна како и секогаш Антониа Гоговска и синоќа блесна во глемото финале на Пинковите ѕвездички – ол стар. Во финалето таа настапи единаесетта, а се претстави со евровизиската песна на Тамара Тодевска „Proud“.

Во вториот круг Гиговска настапи со „I’ll never love again“ од Лејди Гага. Иако одличниот настап не беше доволно за да го преживее кругот, доби одлични стоечки овации и критики од петчленото жири, кое вечерва немаше улога да ги оценува натпреварувачите.

Плачев на оваа сцена, толку многу што не ми беше добро. Мораме да се потрудиме да ја тагираме Лејди Гага на овој твој настап, таа е доволно голем уметник за да те препознае. Мора да те види, јас никогаш не сум слушнала некој толку добро да отпее нејзина песна. Ниту приближно. Голем респект и поклон за тебе Антониа, заслужи. Без разлика како ќе заврши вечерта, изјави Гоца.

 

Уживајте во настапите на Антониа.

Proud Тамара Тодевска

I’ll never love again Лејди Гага



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.