Жељко Самарџиќ на 16 февруари ќе одржи концерт во Скопје. Тој во интервју за „Република“, меѓу другото откри дека токму во Охрид го променил својот имиџ.

Имате нов албум и нов имиџ. Од каде идејата за ваква промена?

Тоа е многу интересно. Промената на имиџот дојде сосема случајно на мојот концерт во Охрид. Кога пеев во амфитеатарот во Охрид, закажан веќе концертот, а јас доцнев и не успеав да се средам бидејќи доаѓав право од мојата куќа на море каде престојувам со семејството во текот на летото. Брадата ми беше голема, изгледав како Робинзон Крусо. Си реков што да правам и потоа одлучив, ајде малку ќе се пошегувам со публиката и им реков: Ако го сакате Жељко, ќе мора малку да причекате. Јас ќе ви отпеам неколку песни, додека не дојде тој. И се разбира, штом почнав да пејам тие сфатија дека тоа сум јас и одлично помина тој концерт. Оттаму почна се. Кога се вратив во беглрад мојот кум кој е и мој стилист, малку се потруди и ме однесе кај некои луѓе кои тоа добро го прават и мислам дека завршија добра работа, ни раскажа Жељко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.