Жељко Јоксимовиќ синоќа со два концерти во Македонската опера и балет ја разнежни македонската публика пред новогодишните празници. Со третиот дел од проектот „Два света”, Жељко втор пат дојде во Скопје, и ги испеа хитовите со џез аранжмани од колегите од некогашните Ју-простори. Можеа да се слушнат песните на Тома Здравковиќ, „Земљо моја“ од Исмета Крвавац, „Неко те има ночас“ од култната југословенска група „Екатерина велика“…
„Балкан експрес“, „Грлом у јагоде“ и „Балкански шпион“ беа темите кои беа изведени во вториот дел посветен на филмска музика во кој настапот го збогати со извадоци од филмовите кои одеа во позадина на видео бим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.