Здравко Чолиќ, најголемата пејачка легенда во поранешна Југославија, има 68 години и мораше итно да се изолира.
Чолиќ има две ќерки тинејџерки, со кои тој и сопругата живеат во прекрасна вила во Белград. Пејачот се засолнил во едно крило на куќата, кое сега е резервирано само за него и тој воопшто не се ни гледа со децата. Се среќава со неговата сопруга Александра, која му носи ручек и сè што му треба.
Пред да пристигне заразата во Србија, ќерките на Чола, Уна и Лара редовно оделе на училиште, а постарата Лара често патувала во и надвор од Србија, така што сега тие морааат се држат настрана од нивниот татко и воопшто да не му приоѓаат. Поточно, тие воопшто не го ни гледаат“ – објаснува семеен извор за „Скандал“ и додава:
Мора да мине најмалку еден месец за да се осигураат дека Лара и Уна се здрави, дури тогаш тие ќе можат да бидат со својот татко без да има ризик. Сепак, ова на Чолиќ тешко му паѓа. Тој е многу приврзан кон нив, сака да поминува време заедно со нив, често ги носи на ручек, понекогаш одат на заеднички прошетки, а сега им е одземено сето тоа. Чола на својата сопруга со насолзени очи и рекол: Што доживеав, да морам да се кријам од родените деца во сопствената куќа!, раскажува изворот и додава:
И тој им недостасува на Лара и Уна, но бидејќи се свесни дека сето ова може да биде опаасно за малку повозрасни луѓе, тие решија да бидат трпеливи. Тие дури и го тешат преку видео повик, па му велат: Не плачи тато, само внимавај на себе!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.