Кога станува збор за забава, песна и многу скокање, на тоа поле Суперхикс се незаменливи долги години на македонската естрада. Карантинот не ги спречи, туку напротив, ги мотивираше да настане нивната нова песна „СКАрантин“ во домашни услови. Бунтовна, игрива и ексцентрична, „СКАрантин“ е песна во која ќе се пронајде секој екстроверт, но и интроверт.

„СКАрантин, сите сме во СКАрантин“, велат Суперхикс во песната проследена со веселата ска музика, препознатлива за нив. Видео спотот е интересен, со позитивна енергија, на кој што не можете, а да не заиграте и да не се насмеете. Во него се појавуваат и нивните фанови кои што се забавуваат во нивните домови, со заштитни маски, играат, пеат, свират и покажуваат како го поминуваат своето време во карантин.  Спотот е изработен во домашно-карантински услови со помош на нашите фанови кои што ни испратија видеа како танцуваат и се забавуваат на нашиот нов сингл „СКАрантин“. Многу сме горди и среќни што песната беше прифатена позитивно од нивна страна и ни покажаа уште еднаш дека вреди да твориме и во тешки и во убави времиња“, изјавија членовите на Суперхикс.

 

Карантинската аудио обработка е дело на Ненад Трифуновски – Трипе, а карантинската видео обработка ја направи Гоце Лалковски, кој што одлично го доловил моментот дека карантинот може да биде забавен со убава песна заедно со најблиските.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.